LG Display ќе биде снабдувач на OLED панели за новиот предводник на Sony. Двете компании одамна соработуваат во областа на OLED телевизорите, а според информации од Јужна Кореја веќе е донесена одлука партнерството да биде проширено и кај мобилните телефони, откако „LG“ ќе испорачува флексибилни OLED панели за јапонската компанија.
Во минатата година токму производите на „LG Display“ беа во основата на доброто претставување на „Sony“ на пазарот на премиум телевизори, а како целина, компанијата забележа нето добивка од 211 милијарди јени за првата половина на фискалната 2017, што е најдобар нејзин резултат по 10 години. Проекциите за продажба на телевизори оваа година се зголемени од 12 милиони до 12,5 милиони уреди.
Очигледно целта е успехот да биде повторен и кај телефоните, каде „Sony“ во моментов има едноцифрен пазарен удел и има сериозно присуство само на домашниот пазар во Јапонија, каде е на второ место по „Apple“.
Во исто време, смартфоните на Sony ќе се одличен начин „LG Display“ да ги покаже на јавноста своите нови производи и да привлече нови клиенти. Корејската компанија планира да започне масовно производство на флексибилни OLED панели во својата фабрика „Е3“ во Пажу во третиот квартал и не може да се потпира единствено на големи купувачи како „Apple“ за реализацијата на производството.