Интернет банкарство користат околу половина од Европејците, односно 51%. Овој број е во постојан раст и од 2007 година се зголемил двојно од тогашните 25 проценти.

Како што покажуваат податоците од Eurostat, од регионот Хрватска е под европскиот просек со околу 30% корисници на онлајн банкарство и доаѓа позади Словенија и Унгарија (со околу 40%), но пред Италија и Португалија кои се малку позади Хрватска.

Ситуацијата со онлајн банкарството е најдобра во Данска и Холандија каде 90% од луѓето меѓу 16 и 74 години користат Интернет за банкарските обврски. Најмалку корисници на онлајн банкарство има во Бугарија (5%) и Романија (7%).

Помалку од 30% од клиентите меѓу 16 и 74 години користат онлајн банкарство во Грција и Кипар. Овој тренд е најпопуларен во старосната група меѓу 25 и 34 години во која го користат 68% од корисниците.

Употребата расте паралелно со нивото на образование, со тоа што кај послабо образованите процентот на користење на онлајн банкарство е 25%, додека пак кај високо образованите е 77%.

Извор: Poslovni Dnevnik