Словенечката биотехнолошка фирма Acies Bio склучи договор за стратешка соработка со кинеската фирма Desano. Станува збор за една од водечките компании на подрачјето на фармацевтски состојки и додатоци за исхрана, која во словенечката фирма ќе вложи 5 милиони евра свеж капитал, а ќе добие удел во фирмата
Со овие инвестиции фирмата ќе развива сопствени иновативни производи, а поради стратешкото партнерство со кинеската фирма, се очекува и продор на кинескиот пазар и отворен пристап до капацитетите на Desano.
„Инвестирањето и стратешкиот сојуз се темелат на долгогодишна соработка бидејќи Desano беше еден од првите наши купувачи на кинескиот пазар за кого развивме неколку производи како витамини и додатоци за исхрана.“, изјавил Енеј Кушчер, коосновач и директор на Acies Bio. Словенечката компанија е основана во 2006 година и моментално вработува 35 експерти меѓу кои многу доктори на науки.
Acies Bio, најголемиот дел од заработката, го остварува преку спроведување на истражувачки и развојни услуги за фармацевтската, хемиската и земјоделско-прехрамбената индустрија на пазарите во Европа, Азија и САД. Од 2009 година се присутни на кинескиот пазар. Вложуваат во сопствени технологии и производи во областа индустриска биотехнологија, како производство на витамин Б12 од отпадната киселина на сурутката. Работат и на нови лекови за ретки болести и лекови против бактериски инфекции кои се резистентни на антибиотици.
Извор: Poslovni Dnevnik
Поврзани артикли