Рускиот претседател, Владимир Путин, го потврди планот на оваа земја за започнување на серија амбициозни мисии на Марс, а првата ќе биде лансирање на летало без човечки екипаж на Црвената планета во 2019 година, потврди рускиот претседател Владимир Путин.

„Планираме лансирање на летало без, а подоцна и со човечки екипаж во вселената, во рамките на програмата на истражување на Месечината и Марс. Првата мисија ќе започне многу бргу, планираме лансирање на летала на Марс во 2019 година“, изјави Путин.

Додаде дека програмата истражување на Месечината, ќе биде фокусирана на поларните делови на Земјиниот сателит.

„Наши експерти ќе се обидат да слетаат на половите, затоа што се сомневаме дека таму има вода. Потребни се доста истражувања на тоа поле, а од таму можеме да почнеме и да истражуваме други планети и остатокот од вселената“, истакна рускиот претседател.

Планот на програмата за истражување на Месечината, вклучува и слетување на сателитот на јужниот пол следната година, тестирање на технологии кои би можеле да бидат користени за постојана лунарна станица во 2023 година и мисија на земање примероци од почвата на Марс, до 2025 година.

Станица на Месечината би можела да започне да функционира во 2040-тите или 2050-тите години.