Почетокот на годината го одбележа и стартот на изградбата на браната Афслуитдијк во Холандија, кој е еден од најголемите градежни потфати на сите времиња. Оваа брана треба да ги поврзе Фризија и северот на Холандија во должина од 32 километри со затворен премин на Ваденското Море кое е под заштита на УНЕСКО, со што ќе го трансформира Зујдерзее во езерото Иселмеер.

Покрај тоа, проектот кој е особено важен за производство на чиста енергија, ќе стане и нова туристичка атракција. Во 2018 година ќе се отвори еден центар за посетители, во близина на споменикот, кој се наоѓа на средина на браната.

Проектот вклучува постојана уметничка инсталација наречена “Gates of Light” на холандскиот уметник и дизајнер Daan Roosegaarde. Станува збор за светла футуристичка инсталација што ги осветлува 60-те врати на почетокот на браната изградена во 1932 година, со истакнување на контури на структурите.