Instagram воведува новина на профилите, која некои ќе ги развесели, но ќе има и такви на кои нема да им се допадне.

Отсега ќе можете да видите колку луѓе го посетуваат вашиот профил неделно. Информацијата ќе се прикажува на врвот на вашиот профил, но засега ќе прикажува само колку луѓе го посетиле профилот, а не и кои.

Ова го забележал „твитерашот“ и експертот за технологија и друштвени мрежи Мат Навара. Новината моментно е во развој и е достапна само на некои профили. Досега корисниците оваа опција ја имаа само за „Insta Story“, но сега ќе биде достапна и за останатите корисници.

Но дали оваа опција ќе ги прикажува во целост посетите на профилот, останува да нагаѓаме, до официјалното спроведување на постапката.