Интернет гигантот Alibaba, ќе ги дуплира напорите за производство на чипови за да влезе во целосниот потенцијален пазар на автономни автомобили. Компанијата сака да го лансира својот прв самостојно изработен AI чип во втората половина на 2019 година, со што официјално ќе интервенира во бизнисот со автономни возила и паметни производи. За нејзините амбиции, Alibaba сигнализираше во април кога објави дека почнала да тестира сопствената технологија, за автомобили без возачи.

Одлуката доаѓа во време на значителна иницијатива на кинеските власти да ги подигнат стандардите за чипови произведени од земјата, особено за употреба во транспортниот и здравствениот сектор. На овој начин Пекинг сака да го зацврсти имиџот на иноватор во светот на технологијата, а исто така и да ја намали зависноста од американскиот увоз, кој во моментов е во опасност поради континуираната трговска војна.

Во јуни американскиот претседател Доналд Трамп наметна тарифи од 25 отсто на кинески стоки, вредни 50 милијарди долари.