Се повеќе критики доаѓаат на сметка на Facebook поради новиот news feed и поради падот на посетеноста на интернет порталите.

Медиумскиот могул Руперт Мардок изјави дека Facebook треба да плаќа за содржините од медиумите, слично на моделот што го користат кабелските компании. Од друга страна Мардок вели дека медиумските издавачи кои му додаваат вредност и интегритет на Facebook со своите информации и содржини не добиваат ништо за возврат.

Неговите изјави доаѓаат неколку дена откако челникот на најголемата социјална мрежа, Марк Цукерберг изјави дека социјалната мрежа ги преферира „посигурните“ вести на своите страници, идентификувајќи ги висококвалитетните извори и борејќи се против дезинформациите.

„Facebook и Google само ги популаризираа навредливите извори на вести низ алгоритамот на Цукерберг, кој е профитабилен само за таа платформа, но неверодостоен“, порачал Мардок, челникот на News Corp корпорацијата во чија сопственост, освен низата австралиски медиуми, се и американскиот „Вол стрит журнал“, „Њујорк пост“, британските „Сан“ и „Тајмс“.

Мардок истакна дека корективните мерки кои „Facebook и Google засега ги предложија се несоодветни, само комерцијални, социјални и многу мал дел новинарски.