Новиот уред, освен изгледот, нема речиси ништо заедничко со оригиналниот Walkman

Sony во Берлин и официјално ја претстави роденденската верзија на својот култен Walkman. Иако уредот ќе ве направи носталгични, тој не доаѓа со механизам за репродукција на аудио преку касети, туку има „специјален изглед сличен на тој од старите касетофони“ и специјално дизајниран Screensaver.

Од Sony исто така специјалното роденденско издание на Walkman го опремиле со Wi-Fi и Android оперативен систем кој овозможува репродукција на музика преку стриминг сервис.

Кога се појави во 1979 година, Sony TPS-L2 Walkman беше првиот преносен плеер за касети и засекогаш го смени начинот на слушање музика. Sony во меѓувреме објави разни верзии на Walkman, но ова јубилејно издание е нешто навистина посебно.

Сепак, најголемата посвета на оригиналниот Walkman од 1979-та година е всушност самиот дизајн на уредот кој е инспириран од „првиот преносен касетофон на Sony“. Уредот доаѓа со екран со дијагонала од 9 сантиметри, USB-C влез и батерија која трае 26 часа. Ретро Walkman има пристап до виртуелната продавница Walkman и ќе може да се купува музика.

Цената на овој ретро Walkman во Австралија се движи околу 360 евра, додека цената по која ќе се продава уредот на европскиот пазар се уште не е позната.