Потрошувачи поднесоа тужба против Apple во САД поради безбедносните пропусти „Meltdown“ и „Spectre“, кои практично влијаат на сите процесори од последните 15 години.
Судот во Сан Хозе ќе мора да процени дали корисниците на уредите на компанијата од Купертино биле повредени поради неактивноста во случајот. Според авторите на тужбата, Ентони Бартлинг и Жаклин Олсен, Apple од јуни 2017 година знаел за проблемите во дизајнот на ARM процесорите и не преземал никакви мерки да ги извести сопствениците на засегнатите уреди.
Во тужбата се нагласува дека малку е веројатно луѓето на Тим Кук да успеат да ги пуштат потребните надградби, без да ја редуцираат за продуктивноста на процесорите за 5-30 проценти , практично во сите уреди на компанијата.
И покрај појавата во последните денови на сомнителни тестови кои покажуваат драстичен пад во перформансите на iPhone 6, Apple тврди дека „закрпите“ имаат незначителен ефект во резултатите од одредени тестови.
Според израелските медиуми, таков случај бил поднесен против Apple, Intel и ARM и во окружниот суд во Хаифа.
Во меѓувреме, тужбите на Apple за забавување на постарите телефони веќе ја достигнаа бројката 45 ширум светот.
Поврзани артикли