Американската технолошка компанија Apple планира да се насочи повеќе на звукот, откако ќе ги издаде на пазарот high-end слушалките AirPods, новиот HomePod и слушалките со студиски квалитет во текот на следната година.

Компанијата со седиште во Купертино работи на AirPods кои ги изолираат надворешните звуци и се водоотпорни, коментираат изворите. Apple се обидува да го зголеми бројот на опции во AirPods за да ја избегне зависноста од iPhone или iPad. Јасно е дека луѓето нема да пливаат со нив, но нивната отпорност на вода е главно за заштита од дожд, коментираат изворите.

Слушалките дизајнирани за 2019. година веројатно ќе чинат повеќе од сегашните 159 долари за еден пар. Apple исто така работи на безжичен полнач за да работи со претстојниот AirPower.

На внатрешно ниво, компанијата го разгледува и додавањето на биометриски сензори во идните AirPods слушалки за следење на пулсот, па да бидат проширени здравствените хардверски предлози надвор од Apple Watch, тврди друг извор.

Сегашните слушалки ќе бидат обновени подоцна во оваа година со нов чип и поддршка за hands free активација во Siri, објави Bloomberg News.

Apple исто така подготвува повеќе традиционални слушалки кои ќе се натпреваруваат со скапите модели на Bose и Senheiser. Тие ќе го користат брендот на Apple и ќе бидат повисока алтернатива на Beats линијата на компанијата. Првично таа имала намера да ги пушти слушалките до крајот на 2018. година, но се борела со предизвици при разработката, а сега се цели кон пазарно пуштање во следната година, објавија изворите.