Европските фанови на Xiaomi Black Shark 2 Pro телефонот ќе бидат во можност, преку брзинска продажба, да купат еден ваков модел на 9. октомври. Покрај купувањето на еден од најбрзите гејминг телефони на пазарот, тука се и некои дополнителни погодности.

Покрај телефонот, во пакетот пристигнува и бесолатен гејмпад, заедно со попуст од 50 проценти на било кој гејминг додаток. Гејмпадот има редовна цена од 90 евра, а го претвора телефонот во рачна конзола. Самиот контролер вклучува и заштитно куќиште на кое се закачуваат два дела од гејмпадот.

Повеќе детали за оваа брзинска продажба е достапна на BlackShark.com сајтот, каде и можете да се запишете за дополнителни известувања за претстојната продажба.