Јапонската компанија Sumitomo foresti планира во Токио до 2041 година да изгради дрвен облакодер од 70 ката, кој ќе биде висок 350 метри, и на тој начин да ја прослави 350-годишнината од своето постоење.

Доколку плановите се спроведат на дело, тоа ќе биде втората највисока зграда во главниот град во Јапонија.

Надворешниот дел на градбата ќе биде 90 проценти од дрво, кое ќе биде покриено со челична конструкција, а во внатрешноста на зградата исто така сѐ ќе биде од дрво.

Како што наведуваат од компанијата, таквите згради претставуваат пријатно опкружување како за билките така и за другите живи организми, а на луѓето им обезбедува пријатен простор за живот во центарот на градот.

Предвидено е во дрвената зграда, освен станбени единци, да има и продавници, канцеларии и хотел.

За самата изградба ќе бидат потребни повеќе од 6,5 милиони кубни метри дрво, а вкупните трошоци за изградбата ќе изнесуваат 4,02 милијарди фунти.

Sumitomo Forestri наведува дека на сите четири страни ќе се наоѓаат балкони покриени со зеленило.

Како што наведуваат од компанијата, изградбата на облакодерот всушност е нивниот заеднички проект со архитектонското биро „Никен Секеи“.