Астероид со големина на куќа, кој во петокот помина покрај Земјата на далечина од околу 42 илјади километри, не ги алармираше научниците од НАСА бидејќи не беше сметан како потенцијално опасен за нашата планета.

Но, бидејќи се претпоставува дека тој ќе се врати, постои можност неговата последна станица сепак да биде Земјата.

Астероидот 2012 TC4 поминал покрај Земјата двојно поблиску отколку пред пет години кога е за првпат забележан. Најновиот приказ на патувањето на астероидот, кој би требало да помине покрај Земјата во 2050 година, покажува дека постои можност неговото поминување да влијае на било каков начин на нашата планета.

Меѓутоа, истото не може да се каже и за наредната “посета” која се предвидува за 2079 година.

“Денес знаеме дека астероидот нема да ја погоди Земјата, но тоа блиско поминување може да влијае на астероидот од 2079 година, кога истиот би можел да ја погоди планетата”, истакнува Рудиген Јен од Европската вселенска агенција.

Научниците од НАСА веруваат дека сега се во можност да идентификуваат 90 отсто од кометите и астероидите со големина од преку еден километар кои се во состојба да пријдат доволно блиску и да ја загрозат Земјата.

Извор: B92.net