Кинеската HMD Global соопшти дека на почетокот на идната 2018 година, т.е. на 19 јануари во Кина, и официјално ќе ги претстават новите „Nokia 9“ и „Nokia 8“.

Засега нема подробни инфрмации, но најверојатно „Nokia 9“ ќе се продава во две верзии, коишто би имале шест гигабајти РАМ-меморија и 64 и 128 гигабајти внатрешна меморија, соодветно, кои ќе чинат 560 и 635 долари.

Еден од новитетите е и трета камера, како и Qualcomm Snapdragon 835 процесорот.

Лошата вест, пак, за љубителите е тоа што 3,5-милиметарскиот аудио приклучок кај „Nokia 9“ е исфрлен.