Кинезите имаат за цел да ја интегрираат технологијата за вештачка интелигенција во најмалку половина од своите нови автомобили до 2020 година. Земјата, исто така, планира да покрие 90% од своите главни градови и автопати со безжична мрежа која може да поддржува “паметни” возила.
Овие цели се дел од националниот проект за паметни возила, за кој Државниот комитет за развој и реформи (НДПР) сака да добие повратни информации.
Целта на Пекинг е до 2025 година да стане светски лидер во примена на вештачката интелигенција. Една од под-целите е да се зголеми вкупната вредност на главните индустрии поврзани со АИТ до над 22,15 милијарди долари до 2020 година. “Паметните” автомобили се клучен дел од овој проект.