Малку е веројатно дека животот на површината настанал милијарда години пред да се развие на Земјата, но научниците во ново истражување велат дека добро место за потрага би било под површината.
При потрагата за докази дали постои живот на Марс, научниците често ги следат правилностите кои важат на Земјата и бараат живот на места на кои некогаш се наоѓале големи водени површини.
Додека од една страна тоа звучи сосема логично, бидејќи и на Сината планета токму на такви места се групирани трагови од некои одамна исчезнати облици на живот, од друга страна, треба да се потсетиме дека Марс е потполно различна планета.
Во ново истражување, научниците откриваат дека, кога станува збор за Црвената планета, можеби треба да се фокусираат на потполно други области.
„Земајќи во предвид колку малку знаеме околу зачетокот на животот на Земјата, има смисла да прифатиме поширок план во потрагата за докази за живот“, пишуваат авторите во истражување објавено во магазинот Nature.
Научниците имаат предлог прво да се провери под површината на Марс, бидејќи како што велат „Марс не е како Земјата“.
„Треба да се прифати дека погледот на тоа како животот се развивал на Земјата во поголем дел е дефиниран со фактот дека дошло до развој на фотосинтеза и дека истиот модел не е применлив на Марс“, заклучува авторот на истражувањето.