Урнатините на древниот подводен храм откриени се во древниот потпен град Хераклиона, на северниот брег на Египет, опишан како „египетска Атлантида“.

Од откривањето на Хераклиона веќе 2000 години морските археолози вложија многу напори во истражувањето.

Според најновите откритија, египетските и европските нуркачи открија руиниран храм заедно со неколку чамци полни со злато, бронзени монети и накит.

Користејќи софистицирани уреди за скенирање, археолозите откртија нов дел на главниот градски храм, кој е потполно уништен.

Остатоците од помалиот старогрчки храм датираат од четвртиот век пред новата ера, а бронзените монети потекнуваат од времето на Птоломеј Втори (283-246 година пред новата ера).

Археолозите исто така го проширија својот опсег на истражување и го открија старовековниот град Канопус – уште еден потонат град близу Хераклиона.

Пронајдени се остатоци од неколку згради, заедно со златни и бронзени монети и накит вклучувајќи прстени и обетки.

Тимот археолози веруваат дека артефактите потекнуваат од династијата Птоломеј, која владеела од 305 до 30те години пред нашата ера, а има и примероци кои биле застапени во време непосредно пред Византиското царство.

Археолозите истражувале и некои од многуте бродови за кои се знае дека постојат на тоа место, каде се пронајдени накит, кованици и садови. Се верува дека бродовите потекнуваат од 4 век пред Христа.

Градот Хераклион, во кој се наоѓал хармот каде што е инаугурирана Клеопатра, бил еден од најважните трговски центри во медитеранското подрачје.