Феноменот што настанува при средба на два урагани се нарекува Фуџивара ефект. Името го добил по јапонскиот метеоролог Сакухеи Фуџивара кој прв го опишал феноменот во 1921 година.

Ако два циклона се најдат на оддалеченот од 1.450 километри, почнуваат да орбитираат. Што ќе се случи понатаму зависи од големината на секој од ураганите.

Ако едниот од ураганите е помал од другиот, почнува да ротира околу поголемиот, но ако двете фурии се со иста јачина, почнуваат да ротираат во центарот што се појавува меѓу нив.

Меѓутоа, ако се доближат еден до друг на 300 километри, тогаш доаѓа до судир или спојување, односно трансформација.

Може да се случи два урагани со помал интензитет и јачина да прераснат во еден голем. Интеракцијата исто така може да го промени правецот на ураганите, како што се случи годинава со ураганите Хилари и Ирвин.

Хилари го промени правецот на Ирвин од запад кон север. Примерот е повеќе исклучок отколку правило. Ретко доаѓа до судари и интеракции.

Се чини дека климатските промени сѐ повеќе влијаат врз ураганите, но на кој начин уште не е понато, пишува „Бизнис инсајдер“ и додава дека не е исклучена можноста да следат уште урагани.

Извор: Kajgana.com