WhatsApp од почетокот на 2018 година нема да биде достапна на смартфони со оперативен систем Windows Phone 8 и постари, како и со BlackBerry OS и BlackBerry 10.
„Кога ја почнавме апликацијата WhatsApp во 2009 година, мобилните уреди се користеа на поинаков начин. Apple Store за апликации постоеше само неколку месеци, а околу 70% од сите мобилни уреди работеа на оперативни системи што на пазарот ги носеа BlackBerry и Nokia. Оперативните системи што ги нудат Google, Apple и Microsoft, и кои денес заземаат 99,5% од пазарот, тогаш заземаа помалку од 25%“, објави компанијата на својот блог.
Поддршката за овие платформи се укинува бидејќи не се популарни како порано.
Во јуни годинава беше укината поддршката за уреди со оперативен систем Nokia Symbian S60, а од 31 декември ќе се укине поддршката за уредите со оперативен систем Nokia S40.
Иако апликацијата и понатаму ќе работи на овие уреди, компанијата повеќе не работи на неа, па би можело во секој момент „да откаже послушност“.
Извор: B92.net