Јапонскиот автомобилски гигант Toyota планира да ја збогати својата производна линија со над десет модели на целосно електрични возила до 2020 година, што зборува за драматичен пресврт во политиката на компанијата кон овој растечки технолошки тренд. Имено, корпорацијата Toyota Motors досега нема во својата понуда целосно електрични возила, иако е водечка на глобалниот пазар со своите хибридни модели.
Извршниот претседател на компанијата вели дека новите елктрични возила првенствено ќе бидат нудени во Кина, со оглед на постоењето на субвенции и други стимулативни мерки во прилог на електричните возила во оваа земја.
Toyota продава близу 10 милиони возила годишно ширум светот.