Компанијата Facebook објави дека со цел да се избегне оптоварување на интернетот во Европа привремено ја намали брзината на проток на видео-содржините на Facebook и Instagram.

Социјалните мрежи Facebook и Instagram се повеќе се користат по воведувањето на вонредни мерки ширум Европа, што бара и работа од дома и социјална изолација.

Претходно, компаниите Netflix и Google најавија дека ќе го прилагодат системот на емитирање на своите видео-содржини на новонастатнатата ситуација.

Европска комисија, претходно ги повика провајдерите, операторите и коринсиците на интернер услуги да го спречат оптоварувањето на мрежата и да обезбедат отворен интернет.