Instagram воведува функција за пријавување и обележување лажни вести. За да се пријави одредена содржина, ќе треба да кликнете на трите точки во горниот десен агол и да обележите „несоодветно“ или „лажно“, коешто се однесува на објавата.

Содржината може да биде означена како лажна вест, по проверка на тимот на Instagram задолжен за тоа

Претставничката на компанијата, Стефани Отвеј нагласи дека објавите со таква ознака нема да бидат целосно отстранети, но нивното распространување, со помош на хаштагови, ќе биде минимализирано.