Денеска во Скопје започна тридневната работилницаPeaceTech Exchange: Macedonia на која присуствуваат над 30 организации од граѓанското општество од целата земја и 12 експерти на информатичката технологија од регионот и од САД.Оваа работилница е организирана од Здружението за унапредување на демократијата – Democracy Lab,PeaceTech Lab од Вашингтон и со поддршка на Амбасадата на Соодинетите Американски Држави во Скопје.

За време на работилницата, учесниците ќе имаат можност од ИТ експерти директно да се запознаат со различни дигитални алатки и платформи за да ја одржат владата транспарентнаи отчетна и да го промовира учеството на граѓаните во општествено-политичкиот живот на земјата.

На крајот од работилницата ќе бидат избрани три најдобри идеи кои ќе бидат финансирани за реализација и ќе им биде понудена техничка и технолошка поддршка за реализација на истата.

По PeaceTech Exchange ќе следи уште една еднодневна работилница во која шест македонски централни институции ќе имаат можност да дискутираат со ИТ експерти и да се запознаат со предностите кои ѓи носи отвореното, транспарентното и одговорнотовладеење и модули на нејзината примена преку технологијата.