Sony го претстави својот нов паметен телефон од средна класа – Xperia XA2 Plus. Уредот е дизајниран за оние кои поминуваат многу време гледајќи во него. Опремен е со голем екран со сооднос од 18:9, 6-инчен дисплеј со резолуција од Full HD +, и тенки рамки. Стаклото на екранот е исклучително квалитетно –  Corning Gorilla Glass 5, кое го штити екранот при случајни падови. Овој уред поддржува режим на мини-екран, кој ви овозможува да се префрлате меѓу помал и поголем екран со едноставен внес на текст и операци со една рака. Рамката е изработена од анодизиран алуминиум со користење на технологијата на дијамантско обележување. Уредот има скенер за отпечатоци на задната страна.

Новиот Xperia XA2 Plus е првиот mid-range smartphone со поддршка за Hi-Res Audio технологијата. Ова ви овозможува да уживате во чист звук без изобличување. Покрај тоа, ја користи технологијата на Sony DSEE HX, која автоматски го подобрува квалитетот на дигиталните аудио MP3 датотеки и компресираните аудио податоци речиси до нивото на аудио со висока резолуција.

За снимање на фотографии и видеа, главната камера е од 23 мегапиксели. Камерата поддржува снимање на 4K видео и бавно движење со 120 фрејма во секунда. Уредот е базиран на octa-core чипсет Snapdragon 630, комбинирајќи високи перформанси и енергетска ефикасност. Батеријата е со капацитет од 3580 mAh. Xperia XA2 Plus поддржува паметна технологија за полнење.