Јапонците биле секогаш поразлични од нас во многу свои обичаи, начини на живот, па и исхрана. Додека на Стариот континент храната ретко дожива сериозна трансформација, големите светски производствени линии за Јапонија имаат секогаш посебна (локална) понуда. Таква, од пред извесно време, е и ситуацијата со брендот Coca Cola.

Имено, компанијата за производство на пијалоци стационирана во САД од минатата година за јапонскиот пазар има посебен асортиман од најпопуларниот светски безалкохолен пијалак, т.н. – Coca Cola Plus.

Во шишиња со бела боја, Coca Cola нуди посебна верзија на популарниот пијалок, само за јапонскиот пазар. Станува збор за веќе познатиот пијалак кој има малку калории, но исто така е збогатен со декстрин, кој ја запира апсорпцијата на маснотиите за време на внесот на храна. Според компанијата, супстанцијата, исто така, придонесува за „регулирање на нивоата на триглицериди во крвта по јадење“.

Не случајно Coca Cola овој новитет го воведе на азискиот пазар, затоа што таму конкуренцијата е „ненормална“, а во моментов Азија е еден од најголемите и најпривлечните пазари во светот.