Дури и далечниот Антартик е загаден со микропластика и други штетни хемикалии, предупредуваат активистите од „Гринпис“

Во седум од осум примероци кои што биле земени од организацијата на почетокот од оваа година во текот на тримесечната експедиција, биле пронајдени траги од микропластика која што доаѓа од текстил или рибарски мрежи.

Отровни хемикалии биле пронајдени во осум од девет примероци на снег, објавија од оваа организација во Хамбург. Пронајдените хемикалии се користат во изработка на одела за надворешни услови, а во околината се задржуваат со години.

„Антартикот изгледа како недопрена дивина, но дури и тој „крај на светот“ е загаден со отрови од текстилната индустрија и остатоци од пластичното лудило“, истакна Тило Мак, експерт за океани кој што работи во оваа еколошка организација.

Од „Гринпис“ нагласија дека за разлика од Арктикот, на Антартикот биле спроведени помалку истражувања.

Загадувањата инаку се пренесуваат со ветерот и морските струи и со децении се задржуваат во околината. Преку ланците на исхрана тие најчесто завршуваат во желудниците на животните како пингвините или китовите.

 Од „Гринпис“ во замрзнатиот „крај на светот“ пронашле рибарски мрежи и церади.

„Насекаде во нашите океани може да се пронајде пластика, од Антартикот, преку најдлабоките океански точки, па се до Арктикот. Владите мора да иницираат и да имплементираат мерки за нивото на производство, за тие загадувачи и воопшто да не се појавуваат во океаните“, порача Мак.

Извор: N1info.rs