Стартап компанијата Portal Instruments, која е спин аут на научникот и професор по термодинамика на МИТ, Иан Хантер, почнува со комерцијализација на своето истражување. Тие произведоа инјектор без игли, кој ќе ја намали болката и анксиозноста на луѓето кои од различни причини треба да примаат инјекции , а ќе олесни и ќе ја забрза и процедурата на инјкетирање за докторите и за медицинскиот персонал.

Новиот jet-injection уред наречен PRIME користи млаз од лекот под висок притисок, кој не е подебел од влакно на коса. Новиот инјектор овозможува прилагодување на дозирањето на лекот преку кожата за прецизно да се прилагодат термините за поединечни пациенти и речиси целосно да се елиминира болката.

Уредот е поврзан со апликација која ја следи секоја доза и ефектите на лекот, а информациите ги складира во облак и овозможува пристап до нив за лекарите и за пациентите. PRIME ќе се продава на докторите, но и на пациентите со рецепт, а на пазарот ќе го пласира големиот јапонски фармацевтски гигант Takeda, кој првите инјектори ќе ги продава опремени со својот лек „ентивио“ за пациентите со улцерозен колитис и Хронова болест, но во блиска иднина со инјекторот ќе се примаат многу други лекови направени од биолошки компоненти и живи станици кои моментално се примаат со инјектирање со игли.

Тука спаѓаат хормонските терапии, инсулинот, вакцините и други лекови за хронични болести, па PRIME ќе им биде од најголема корист на луѓето кои често или секојдневно примаат терапија, но веројатно најмногу ќе се израдуваат децата и плашливците затоа што целосно ќе ги замени денешните страшни инјекции.