Корисниците во Македонија, но и во регионот воопшто не можеа неколку часа да праќаат пораки преку Facebook Messenger.

Додека кај некои проблемот трае од утрово, други се жалат дека во последниот час не можат да пристапат до пораките.

Пораките кај некои може да се читаат на телефон, а некои не можат да ги пратат. Некои велат дека не можат да пристапат ни преку телефон, ни преку компјутер.

Веруваме дека проблемот наскоро ќе се реши.