Наскоро во Лондон ќе биде отворено новото седиште на „Фејсбук“, каде што ќе бидат отворени 800 работни места. Објектот се наоѓа на улицата Оксфорд.

„Фејсбук“ првата канцеларија во Лондон ја отвори пред десет години, а претставниците на компанијата велат дека до идната година во план е да вработат 2.300 работници во Велика Британија.

Изградбата на новото седиште беше најавена минатата година, веднаш откако „Гугл“ откри дека ќе гради нова канцеларија во градот, со капацитет за над 7.000 вработени.

Канцеларискиот простор го дизајнирал архитектот Гранк Гери, се протега на 23.000 квадратни метри и има седум катови.