Една од најпопуларните апликации за допишување и разговор Viber воведе нова опција која ќе им се допадне на бројните корисници.

Доколку сакате да го промените звукот на Viber, потребно е само да ја ажурирате апликацијата на верзијата 6.8.7. Новата верзија овозможува бирање на тон за секој разговор поединечно.

Надградената верзија на апликацијата овозможува и корисниците да ги „пинуваат“ омилените пораки, по што тие секогаш ќе се наоѓаат на чело на инбоксот.