Институтот McKinsey Global Institute во истражувањето кое опфати 800 различни работни позиции во 46 земји во светот утврди дека роботската автоматизација ќе влијае на 1/5 од глобалната работна сила. Оттаму наведуваат дека третина од работната сила во богатите земји како Германија и САД ќе мора да се преквалификува за друга работа.

Најмногу ќе страдаат оние кои моментално управуваат со машини и работниците вработени во индустријата за храна. Посиромашните земји, кои имаат помалку пари за инвестирање во автоматизација, нема да почувствуваат големо влијание.

Во Индија, на пример, роботите ќе заменат околу 9% од работниците. Авторите на студијата тврдат дека автоматизацијата особено ќе ги загрози хипотекарните брокери, сметководителите и останатите службеници во канцеларии. Работите кои бараат поголема интеракција како доктори, адвокати, учители и бармени се помалку подложни на автоматизацијата. Специјалзираните помалку платени работни места како градинари, водоинсталатери и работници во одржување исто така слабо ќе бидат засегнати.

Во развиените земји ќе се зголеми потребата за универзитетско образование затоа што ќе се стесни изборот на работни места кои бараат помало образование. Само во САД до 2030 година автоматизацијата ќе влијае на 39 до 73 милиони луѓе, а 20 милиони работници лесно ќе се префрлат во друга индустрија. Во Велика Британија во истиот период ќе бидат автоматизирани 20% од работните места.

Извор: Klix.ba