Samsung со своите иновативни решенија, секогаш знае да ги задоволи барањата на верните потрошувачи и да привлече нови корисници. На виртуелниот настан Galaxy Unpacked, кој се одржа на петти август годинава, од страна на компанијата Samsung, беа претставени новите безжични слушалки Galaxy Buds Live и паметниот часовник Galaxy Watch3. Иновативните уреди, кои беа претставени на настанот се веќе достапни и на нашиот пазар од 21 август. 

Samsung Galaxy Buds Live имаат отворен дизајн, што значи дека идеално се вклопуваат во сечие уво, без да создаваат дополнителен притисок на увото. Безжичните слушалки, Galaxy Buds Live, се достапни во три бои: мистично бела, мистично црна и мистично бронзена.

Иноватините безжични слушалки се одликуваат со звучник од 12mm и зајакнувач на бас, каде во комбинација на AKG звукот корисниците ќе имаат совршено аудио искуство. За најголем квалитет при снимање и добро управување на гласот за време на повик, задолжени се трите микрофони и единицата за гласовни команди. Додека пак, ANC (Active Noise Cancellation) помага во ограничување на позадинската бучност – нешто кое ќе го привлече дури и најпребирливиот корисник на добри слушалки.

Безжичните слушалки имаат батерија од 60mAh по слушалка, додека преносната кутија за полнење има капацитет на батеријата од 472mAh. Долготрајната батерија овозможува непречено користење на слушалките и до 6 часа работење, додека пак преносната кутија овозможува дополнителни 15 часа, односно неколку дополнителни полнења. 

Слушалките лесно и едноставно се поврзуваат со голем број на уреди, без потреба на повторно поврзување по престанокот на користењето. Истите користат Bluetooth v5.0 за поврзување, a унапредени се и со интуитвиниот интерфејс чуствителен на допир, а асистентот на Samsung, Bixby, може да се контролира и користи без употреба на рацете, туку едноствно преку изговарање на фразата „Hi Bixby“.

Новиот Galaxy Watch3, кој е истовремено издржлив и елегантен, совршено се вклопува на секој стил и одговара на секоја рака. Карактеристично за новиот часовник е ротирачката рамка и двете големини, од 41mm и 45mm, со што главниот дисплеј поседува SUPER AMOLED технологија. Една од главните одлики е ротирачката елегантна рамка, која овозможува приказ на она кое ви е најважно во моментот, а воедно дефинитивно ќе уживате во тоа што овој паметен часовник е полесен и потенок со цел да се долови вистинска удобност додека се носи.

Важно подобрување кај Galaxy Watch3, кое го прави да биде уште подобар од претходните верзии е тоа што часовникот е за 14% потенок, 8% помал и 15% полесен. Galaxy Watch3 доаѓа со не’рѓосувачки челик и кожа со многу висок квалитет и истиот работи на Tizen OS. 

Паметниот часовник се карактеризира со dual-core процесор, а кога станува збор на меморијата истиот има 1 GB RAM меморија и 8 GB ROM. Издржливоста на батеријата, исто така е карактеристика која е многу важна при користење, па токму затоа, Galaxy Watch3 нуди батерија, која ги задоволува барањата. Батеријата со капацитет од 247mAh е карактеристика на моделот со големина од 41 mm, додека пак моделот со големина од 45 mm се одликува со батерија со капацитет од 340mAh. 

Она што е доста корисно за сите корисници, а најмногу за љубителите на спортот и физичките активности, Galaxy Watch3 поседува нови функции за следење на здравјето на корисникот, кој преку апликацијата Blood oxygen (SpO2) има опција да ја провери заситеноста на кислородот за време на тренингот, во било кое време. 

Овој паметен часовник е тука да ви помогне и во непредвидените моменти при движење. Galaxy Watch3 е унапреден со опција да детектира веднаш доколку паднете, (во случај падот да е потежок) и истиот е подесен веднаш да прати SOS нотификација на одбраните контакти, кои ги имате зачувано, со цел помошта да пристигне што побрзо.

Со врвни модерни придружници во новото секојдневие, како што се Samsung Galaxy Buds Live и Galaxy Watch3, моментално не би посакале ништо освен ова привлечно премиум искуство, кое е веќе достапно и кај нас.