YouTube соопшти дека избришале повеќе од 150.000 видео-снимки на деца каде имало непристојни коментари, па дури и со педофилски карактер.

Поради такви коментари, повеќе познати компании што се рекламираат на YouTube одлучиле да ги повлечат своите реклами од тој сајт. Укинати се стотици налози, избришани повеќе од 150.000 снимки и блокирани коментари на 625.000 видео-снимки.

YouTube забрани и објавување реклами на „повеќе од два милиона видео-снимки и 50.000 канали што се поврзани со семејна содржина“, објави француската телевизија Ероп 1.

Заострени се прописите кога станува збор за поставување видео-снимки на кои се појавуваат деца. Ова е втопат YouTube да се соочува со полемика од тој тип.