Рели тимот на компанијата Hyundai реши да се забавува снимајќи пародија на GTA VI.

Имено, тие решија да снимат сопствена верзија на трејлерот GTA VI, наречена „Grand Test Auto“.

Оваа промена на името не е изненадувачка бидејќи не би било многу добро брендот на автомобилот да биде поврзан со кражби и други нелегални активности по кои е позната GTA. Исто така, наместо пиштол, „актерите“ во рацете држат алат за поправка на автомобили.

На платформата YouTube за помалку од 24 часа оваа снимка има повеќе од 100.000 прегледи, како и 10.000 „лајкови“, па може да се каже дека и се допаѓа на публиката.