Интеловиот 10-нанометарски процес на производство на чипови се одложува веќе некое време, што компанијата ја приморува да го отфрли својот досегашен тик-ток систем на објава на процесори, кој типично донесуваше нов производен процес за чипови на секои две генерации.

Овааа промена ја примора компанијата да се префрли на 14nm архитектура за Broadwell, Skylake, Kaby Lake, Coffee Lake и Coffee Lake серијата процесори, кои ги покриваат од петтата до деветтата генерација десктоп процесори. Иако 14-нанометарскиот процес еволуираше со текот на времето, архитектурата во секој поглед го доживеа својот зенит кога е во прашање ефикасноста, како според перформансите, така и во барањата на пазарот.

Гласините сега сугерираат дека Intel подготвува 10-јадрен 14nm десктоп процесор, наречен Comet Lake (CML-S), кој повеќе пати бил споменат во текот на состанокот на компанијата со партнерите.

Во овој момент, малку работи се познати за споменатиот процесор. Во прашање е нова микроархитектура, а можно е да се работи за резервна варијанта, доколку 10nm не биде подготвен за десеттаата генерација Intel Core процесори. Се очекува зголемување на потрошувачката и загревањето кај новите чипови во однос на осмата генерација Coffee Lake дизајн, освен доколку Intel не ја подбри CPU ефикасноста на ниво на дизајнот/архитектура.