Уметникот Trevor Paglen планира во вселената да ги исфрли првиот сателит кој ќе има само уметничка вредност. Исфрлањето на сателитот е планирано за во 2018-та година. Објектот го носи името Orbital Reflector и единствената функција ќе му биде да луѓето гледаат во него. Проектот делумно е спонзориран од Nevada Museum of Art, а предметот ќе биде видлив од површината на планетата.

Orbital Reflector

Според зборовите на Paglen, сателитот нема да има ниту комерцијална, воена или научна цел. Објектот ќе биде јавна скулптура, видлива од Земјата без потреба на телескоп – сателит кој ќе припаѓа на сите.

Trevor Paglen

Сателитот ќе биде поставен на далечина од околу 575 километри над површината на Земјата, а ракетата која ќе го однесе во вселената е SpaceX Falcon 9. Летот е планиран за на пролетта 2018-та година. Orbital Reflector треба да остане во вселената само 2 месеци.