Компанијата DeLorean Motor ќе се врати на автомобилската сцена оваа година. Тие за август ја закажаа презентацијата на првиот концепт на нивниот електричен автомобил подготвен за 21 век

Неодамна DeLorean, икона од 1980-тите, која стана легенда преку серијалот филмови „Враќање во иднината“, објави дека ќе се врати во живот со нов, целосно електричен автомобил. Оваа информација тогаш беше придружена со само една силуета на идното возило, со препознатлива врата „gullwing“ и малку модернизирана надворешност.

Оваа недела беше објавен нов тизер, сега во форма на добро осветлена фотографија од задниот дел на возилото – новиот DeLorean ќе стане реалност и ќе биде модерен, атрактивен и динамичен спортски електричен автомобил. Компанијата објави и кога за прв пат ќе биде прикажан во јавноста. Премиерата ќе биде на 18 август во Пебл Бич, Калифорнија.

„Возбудата се крева како врата на нашиот иконски спортски автомобил“, рече Трој Биц, денешниот маркетинг директор во DeLorean.

За време на традиционалниот автомобилски саем Monterey Car Week, новиот DeLorean ќе биде претставен пред посетителите и јавноста, а ќе биде откриено и официјалното име на оживеаната класика. Последната објава се викаше DeLorean EVolved, па можно е ова да биде комерцијалното име на новиот модел.

Од објавената фотографија, на која се гледа задниот лев агол на возилото, се гледа дека новиот DeLorean ќе изгледа како модел од 80-тите, со модерни LED светла, но и повеќе кривини отколку што имаше денес култниот DMC-12.

Според оваа фотографија, не може да се заклучи дали каросеријата повторно ќе биде изработено од нерѓосувачки челик, како пред 40 години. Но, она што можеме да го претпоставиме е дека функцијата за патување низ времето DeLorean Motor Company најверојатно нема да ни ја понуди како додаток.