Еден од главните проблеми со кои се сочуваат корисниците на паметните телефони, е недостатокот од недоволна меморија. Она што уште повеќе ги нервира корисниците на овие телефони е што недостаток на меморија се појавува обично при фотографирање. Меѓутоа, постои трик како да направите фотографија дури и кога немате меморија во вашиот паметен телефон.
Потребно е само да го отворите Инстаграм, да одберете опција за фотографирање и да ја направите фотографијата. После тоа, направете „скриншот“ и тоа е тоа. Секако, не се работи за еднократно решение, бидејќи на тој начин може да направите повеќе фотографии.
Втората варијанта, не толку прифатлива, е да избришете некои од старите фотографии како би ослободиле меморија или пак старите фотографии да ги префрлите на „cloud”.
Идеално решение за зачувување фотографии во „cloud” е преку апликацијата Google Photos која автоматски ги префрла фотографиите на „cloud“. Оваа апликација нуди неограничена меморија за чување фотографии во намалена резолуција.
Поврзани артикли