Компанијата Louis Vuitton минатата година влезе на технолошкиот пазар со претставување на паметен часовник, а сега подготви тракер за багаж.

Минатата година Louis Vuitton го претстави смарт часовникот Tambour Horizon кој чинеше 2.450 долари, а сега понуди тракер за багаж наречен Louis Vuitton Echo кој го продава за 370 долари. Уредот овозможува следење на багажот преку LV Pass апликацијата, која е достапна за уредите со оперативните системи Android и iOS. Доаѓа со тригодишна претплата на Sigfox, кој овозможува следење на багажите на многуте аеродроми во светот.

Кога ќе слетате, апликацијата ве известува за позицијата на багажот, како и за тоа дали е отворан во текот на патувањето. LV Echo е компатибилен со луксузната линија торби Horizon и поседува сензор за светло кој открива кога торбата е отворена. Уредот поседува и автоматски авионски режим за да не испраќа податоци во текот на летот.

На тракерот се наоѓа LV логото, сензор за светло, индикатор на батеријата, копче за вклучување и гаснење и Micro USB порт за полнење. Батеријата со едно полнење трае до шест месеци. Компанијата наведе дека Sigfox планира да вметне уште повеќе аеродроми.

Оние кои ќе издвојат 4.300 долари за LV торба дефинитивно ќе можат да приуштат и тракер од 370 долари.