Серијата телефони Pixel 8 беше претставена неодамна, а Google ги смета за главен ривал моделите iPhone 15 на Apple. Сега имаме тест кој ги споредува двата најсилни модели од двете серии.

На тест се најдоа Pixel 8 Pro и iPhone 15 Pro Max од каналот на YouTube, PhoneBuff, а беа тестирани нивните брзини.

И двата телефони беа подложени на одредени задачи – од отворање апликации до извршување на различни функции, а крајниот резултат беше дека моделот на iPhone беше доминантен.

Треба да се напомене дека Pixel 8 Pro не беше бавен. Тестот го заврши за три минути и 28 секунди, но тоа беше 40 секунди побавно од времето постигнато со iPhone 15 Pro Max.

Моделот Pixel постигна малку подобри резултати во отворањето на апликациите, но заостануваше далеку кога станува збор за експортирање на видеа.

Своите брзи перформанси iPhone 15 Pro Max ги должи на чипот Apple A17 Pro, кој нуди многу подобри перформанси од чипот Tensor G3 што го напојува моделот Pixel 8 Pro.