Lenovo претстави два евтини таблет уреда

Lenovo претстави два нови Android таблети по одлични цени, Tab 7 и Tab 7 Essential.

Новите таблети на компанијата имаат цена дури и пониска од 100 долари. Lenovo Tab 7 и Tab 7 Essential се достапни за само 99 и 79 долари.

Поскапиот од двата, Lenovo Tab 7 доаѓа со 7 инчен дисплеј и резолуција од 1280 x 720  пиксели. Задната камера е од само 2 мегапиксели, а селфи камерата е од 5 мегапиксели. Доаѓа со MediaTek MT8161, 1GB RAM и 16GB меморија.

Од друга страна, Lenovo Tab 7 Essential доаѓа со дисплеј со иста големина, но со помала резолуција од 1024 x 600 пиксели. Во внатрешноста, се наоѓа MediaTek MT8167D, 1GB RAM и 16GB меморија.