Huawei го претстави Honor 6A Pro за европскиот пазар

Кинескиот производител Honor, под-брендот на Huawei претстави нов нискобуџетен смартфон за европскиот пазар, кој ја има ознаката Honor 6A Pro.

Уредот е многу сличен на Honor 6A, паметниот телефон кој во мај имаше деби во Кина. Тоа што ги разликува е скенерот за отпечатоци од прсти, кој инаку се наоѓа во таа класа на телефони.

Honor 6A Pro има метално куќиште, кое доаѓа во златна, сребрена и сива боја. Екранот има дијагонала од пет инчи со резолуција од 720p.

Уредот го користи процесорот Qualcomm Snapdragon 430, а опремен и со 3GB RAM и 32 GB интерна меморија. Сето тоа го напојува батерија со капацитет од 3.020 mAh.

Смартфонот има предна камера од пет и задна од 13 мегапиксели.„Honor 6A Pro“ го користи опративниот систем Android 7.0 Nougat. Цената се уште не обелоденета, а првата држава во која ќе се најде во продажба ќе биде Италија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 1 =