Бидејќи многумина од нас мислат дека знаат речиси се за животот и за нашата планета, добро е да се потсетиме на некои работи кои веројатно малкумина вас ги сретнале, а треба да се познаваат.
Не случајно некои научници се шегуваат дека луѓето знаат помалку за нашата планета, отколку за она што се случува во универзумот. Можеби и со право се критиките, но еве една мала лекција (потсетување) на некои важни „земјани нешта“.
Монт Еверест не е највисок врв
Висината на вулканот Мауна Кеа над морското ниво е 4205 метри, но најголемиот дел од него лежи скриен под вода. Вкупната висина на овој врв, кој се наоѓа на Хавајските острови изнесува точно 10.203 метри, што е 1355 метри повеќе од Еверест, а со тоа го урнува и митот за највисокиот врв на планетава, за кој веројатно најголемиот дел од нас имаат слушнато.
Државите имаат и небески граници
Кармановата линија е условна небеска граница лоцирана на надморска височина од 100 километри. И покрај фактот што атмосферата на Земјата завршува многу повисоко, Меѓународната авијациска асоцијација ја препознава оваа ознака како граница меѓу атмосферата и космосот.
Најсувото место на Земјата е на Антарктикот
Многумина и денеска веруваат дека најсувото место на нашата планета е чилеанската пустина Атакама, каде не врнело веќе неколку илјади години. Но, постои место на Земјата, каде што дожд немало веќе 2 милиони години. Станува збор за долината Мекмурдо лоцирана на Антарктикот. Покрај тоа, тука се забележани и најсилните ветришта на планетатa.
Свежа вода на Земјата не е повеќе од 3%
97% од водата на нашата планета се наоѓа во морињата и океаните и не е погодна за пиење поради високата концентрација на сол и голема количина на минерали. Од останатите 3% од водата, 70% се во глечерите, а уште 20% се наоѓаат во Бајкалското Езеро.
Најстариот храм на Земјата е стар околу 12.000 години
Урнатините на најстариот светски храмски комплекс Гебекли-Тепе се наоѓаат на територијата на модерна Турција. Артефактите пронајдени таму им дадоа можност на научниците да претпостават дека пред 11.000 години комета паднала на Земјата, предизвикувајќи пад на температурата низ целата планета.
Поголемиот дел од нашата планета е секогаш во темница
Како што е познато, океаните заземаат 71% од површината на нашата планета. Дебелиот воден слој е осветлен со сончева светлина, но не е повеќе од 200 метри. Остатокот од водата е во постојана темнината.
Поврзани артикли