Љубителите на фотографијата и сопствениците на паметните телефони на Motorola сигурно ќе размислат за купување на овој прилично интересен додаток.

Спојувањето на Motorola Moto Z паметниот телефон и Polariod Insta-Share Printer додатокот е интересна комбинација, посебно за сите љубители на фотографијата. Polariod Insta-Share Printer ја користи модуларноста на Motorola Moto Z паметниот телефон и претвора во уред преку кој веднаш можете да ја испринтате фотографијата.

Цената не е баш занемарлива, затоа што овој додаток чини 199 американски долари, но ако веќе поседувате Motorola Moto Z паметен телефон и сте љубители на фотографијата, тогаш овој додаток можеби е вистинското решение за вас.