Научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) развија прототип апликација за смартфон која може да одреди дали шасијата или моторот на вашиот автомобил е за на сервис.

Софтверот може да пријави, на пример, дека предната лева гума мора да биде надуена, дека филтерот за воздух ќе треба да се смени за една недела или дека се потребни нови свеќички. Програмерите нагласуваат дека нема потреба да го поврзете уредот со автомобилот. Системот исто така може да ги дијагностицира и постарите возила што немаат вграден компјутер.

Според креаторите на апликацијата, истата е изработена според високата чувствителност на микрофоните, акселерометрите и другите сензори во современите мобилни уреди. Дијагнозата се изведува со користење на машинска обука. Збир на звуци и вибрации се користат како основа за нормално функционирање на возилото, како и за разни дефекти.

Апликацијата ги минала тестовите со точност од над 90%.

Точноста на некои мерења може да се подобри со поставување на паметниот телефон на држачот на таблата. Програмерите проценуваат дека таквата апликација може да им заштеди на сопственици на автомобили околу 125 долари годишно. Комерцијална верзија на софтверот се очекува околу една и пол година.