Видеата што се вклучуваат автоматски на YouTube се една од водечките причини за големата гледаност на оваа платформа. Google сака да нè натера да поминуваме повеќе време на нашите профили и сега тестира нов интерфејс на YouTube во апликацијата направена за Android, пренесува Digital.bg

Главниот фокус на ажурирањето е да се олесни интеракцијата на корисниците со содржината на видеата на YouTube. Доколку е овозможено Autoplay, ќе имате осум секунди пред да започне следното видео.

Досега можеше да се види кружен индикатор околу копчето Play, кој овозможуваше автоматски да започне некое видео. Во горниот лев агол, YouTube покажуваше порака за тоа кое видео ќе се пушти потоа, како и тоа кој канал е следен.

Новото ажурирање на мобилни апликации ја менува позицијата на некои елементи од интерфејсот на YouTube. Па така во горниот лев агол ќе има тајмер што ќе означува кога ќе започне следното видео.