TenneT, најголемата електрична компанија на Холандија, планира да конструира цел остров за фарма на ветар во Северното Море. Островот ќе служи како оперативен центар за мрежа од околните фарми на ветар на брегот. Планот, кој веќе е во понапредна фаза, предлага Dogger Bank, на 125km од брегот на Источен Јоркшир во Англија, како потенцијална локација за островот. Кога ќе се конструира, од островот ќе се емитува електрична струја на големи растојанија со подводни кабли до Обединетото Кралство и до Холандија, со евентуални можни конекции со Белгија, Данска и Германија.

Како што пишува Inhabitat, бидејќи се бараат места поблиску до брегот, индустријата за енергија од ветар прави храбри чекори напред. Од суштинско значење за индустријата е да продолжат да се намалуваат цените. Иако планот за островот за фарма на ветар е амбициозен, се уште се работи на деталите и на профитабилноста. Како што расте индустријата, се очекува од експертите да размислуваат поиновативно.

На островот ќе се собира енергијата од сите блиски фарми со евтини кабли за кратки релации. Кога ќе се складира енергијата, потоа ќе се испраќа на подолги релации до копното. Така ќе се овозможи поголема флексибилност на пазарот енергија од ветар и повеќе енергија ќе се дистрибуира до таму каде што треба.

Извор: Иновативност.мк