Британска докторка направи една „скандалозна“ паралела, со цел да укаже на тоа колку е широко распространета и обемна зависноста од „памтните“ уреди кај младата популација.
Иако многумина веднаш ќе помислат дека ваквата паралела е големо претерување, сепак факт е дека денес во светот има огромен број на млади зависни од паметни уреди и социјални мрежи, а се почесто гледаме како младите додека го пијат кафето, не разговараат и гледаат во екраните на своите телефони.
Поради тоа, доктор Менди Салигари која што има специјализирано за лекување од зависност, инаку вработена во познатата клиника за рехабилитација “Harley Street” во Лондон, испрати „драматично“ предупредување со цел да ги натера родителите да размислат пред на своето дете да му дадат некаков гaџет.
„Кога зборуваме за зависност, повеќето луѓе веднаш помислуваат на класичната зависност од дрога, алкохол, цигари… малкумина обрнуваат внимание на зависноста од паметните телефони, таблетите и останатите уреди преку кои што нашите деца минуваат со часови на социјалните мрежи. Не го игнорирајте тоа. Зад тоа се крие вистинска, тешка зависност, но и многу други опасности за кои што можеби не сте свесни, а треба да сте“, предупредува Салигари.
Таа открива дека две третини од нејзините пациенти се на доба од 16 до 20 години, а посебно во опасност се девојчињата.
„Немате поим колку девојчиња од 13 или 14 години доаѓаат во нашата клиника. Сите тие се во вртлогот на „секстингот“, односно сметаат дека испраќањето на провокативни фотографии на познати или непознати луѓе не е ништо лошо, освен ако за тоа не дознаат нивните родители“, открива таа.
И кога ќе се разгледаат внимателно сите наведени податоци, тогаш можеби паралелата на кокаинот со зависноста од социјалните мрежи и не изгледа така глупаво и параноично.