Разурнатиот ирачки град Мосул кој беше мета на ИСИЛ би можел да биде обновен со проект на белгискиот еколошки архитект Винсент Калбо. Имено на еден од конкурсите за идејни решенија за обнова на регионот погоден од воени дејствија, проектот на Калбо е рангиран меѓу трите најдобри 3 на финалистите на конкурсот Rifat Chadirji , кој директно се однесува на обновата на ослободениот Мосул. Истиот предвидува обновување на разурнатите идилични мостови со структури направени на 3D печатач инспирирани од средновековната исламска архитектура.

Предлогот комбинира и одржлива вертикална шума и градска и станбена средина. Пет моста ќе ги поврзуваат двата дела на градот, одделени со реката Тигар, а во нив ќе има градски фарми и домување за локалните жители. Наводнувањето ќе доаѓа од реката. Други системи за земјоделски капацитети вклучуваат филтрирање на отпадните води и компостирање на биомаса, па така ќе се потпомага растот на овошните и зеленчукови градини. Крајната цел е да се осигура безбедноста на храната, како и да се создаде самостоен еколошка систем кој се протега по должината на реката Тигар.